
Во среда на 24 октомври од 18 часот во салата на народниот театар во Битола „Европскиот Институт за менаџмент, право и дипломатија“- Скопје ќе реализира еднодневен мотивациски семинар.
Познато е дека ЕУ Институтот редовно врши едукација на компании, вклучен е во едукација на персонал на приватни клиники, хотели, обука на студенти, врши едукација на персонал во образовниот и воспитно-образовниот систем, обучува кадар во општините како во Македонија така и во Европа.
Семинарите, класичните и интерактивни работилници се дел од сегментите со кои се занимава
ЕУ Институтот за менаџмент, право и дипломатија. Ова се основните сегменти на дел од секое работење, на секаков вид на кадар во фирми, институции или поголеми компании.

За успешната работа на ЕУ ИНСТИТУТОТ до сега сведочат 10.000 лица кои биле дел од нивните обуки и семинари ( во Македонија и Европа ) и 27 одржани интерактивни работилници, едукација и семинари во 2017година. Само до септември, оваа 2018 година се обучени дури 2000 лица.
По ланската успешна промоција на книгата ГОВОРОТ НА ТЕЛОТО на проф. Д-р Зендел Абедин Шехи во НУ УБ “Св.Климент Охридски“ во Битола и двете интерактивни работилници во библиотеката ова ќе биде четвро гостување на ЕУ ИНСТИТУТОТ во Битола.

“Професионалното и секојдневно усовршување на сите нас е од круцијално значење за успешно надградување на секој човек.“
Треба се повеќе да се усовршуваме и надградуваме во своите знаења.
Да ги подобриме сопствените знаења и практично да ги усовршиме комуникациските вештини, со цел за подобра меѓусебна комуникација.“
вели проф. д-р Зендел Абедин Шехи.
Драги битолчани и сите други кои сакате да го посетите овој бесплатен семинар , регистрирајте се со клик на линкот подолу и пополнувањето на формуларот.
https://www.cognitoforms.com/EUInstitute2/%D0%A1%D0%95%D0%9C%D0%98%D0%9D%D0%90%D0%A0
Публицитет.мк






