• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, ноември 6, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тоа беа години

„Зелената, зелена трева на мојот дом“ – Том Џонс

октомври 16, 2018
in Тоа беа години
„Зелената, зелена трева на мојот дом“ – Том Џонс

Кога ќе се спомене името на познатиот англиски интерпретатор, ТОМ ЏОНС,првата асоцијација е композицијата „ Зелената, зелена трева на мојот дом“, и обратно ,кога ќе се спомене композицијата  „ Зелената, зелена трева на мојот дом “ веднаш се помислува на „ тигарот од Велс“ –Том Џонс.

Меѓутоа, помалку е познато дека оваа композиција ,напишана од  Клод Путман  во 1965 година , преставува една од  најубавите и најпопуларните кантри песни на сите времиња а прв ја испеал кантри пеачот Џони Дарел кој со неа се искачил на четвртото место на топ листата за кантри музика. Во таа 1965 година песната ја испеале и Боби Баре и Џери Ли Луис кој ја вклучил во својот албум „ Народни песни за граѓаните“.

Една година подоцна импресиониран од песната , тогаш младиот и надежен интерпретатор ,Том Џонс,ја препеал верзијата на оваа композиција од изведбата на Џери Ли Луис и ја објавил во Велика Британија во 1966 година и на 1 декември се искачил на првото место на англиската топ листа останувајќи таму вкупно седум недели. Песната е продадена во повеќе од 1,25 милиони примероци во Велика Британија до септември 2017 година. Верзијата на Џонс, исто така, достигна до 11 место на  поп, и 12 место на топ листата на Билборд  во САД.

Композицијата доживеа огромен број на изведби ,како вокални така и инструментални.Меѓу најпопуларните секако се сметаат оние во изведба на :Елвис Присли, Џони Кеш, Кени Роџерс, Нана Мускури, Дин Мартин, Џоан Баез (чија верзија завршува со зборовите: “Да, сите ќе сме заедно во сенката на стариот даб / Кога ќе се сретнеме на зелената, зелена трева од мојот дом”),Далида, Френки Лејн, Трини Лопез,Ник Кејв, Кетрин Џенкинс  како и Мики Јевремовиќ и групата  „Рибља чорба“но  и многу, многу други.

Инаку песната говори за еден човек кој подолго време бил далеку од својот дом. Тој го опишува своето враќање  во малечкото родно село и реакцијата на она што ќе го види таму.Меѓутоа тој се буди во затворот каде очекува погубување, со што дава до знаење дека дома ќе се врати како мртовец.

Том Џонс Вудворд  е роден на 7.јуни. 1940 година во едно место близу до Кардиф во Велс како син на Томас Вудворд и домаќинката Фрида Џонс.Започнал да пее од најрана младост, најпрвин на локални свечености а подоцна и на венчавки и во училишниот хор.

 

 

Кога имал 16 години го напуштил училиштето и како обичен работник работел како ѕидарски помошник а повремено и како продавач на апарати за домаќинство.Се ожинил на само 17 години со својата прва љубов Линда и мошне брзо станува татко на синот Марк. Том напорно работел за да прерани семејството притоа не сонувајќи дека наскоро само по неколку години ќе се вивне во самиот врв на популарната музика и дека во еден период , кон крајот на 60 тите и во почетокот на 70 тите години од 20 тиот век со својата популарност ќе ги надмине Битлси, Ролинг Стоунси, Елвис Присли и Френк Синатра.

Неговата светска слава трае непрекидно повеќе од 50 години во текот на која има продадено над 100 милиони грамофонски плочи и разноразни носачи на звук.Има снимено и неколку филмови  а беше мошне популарен меѓу женската популација.

Во 2006 година британската кралица Елизабета II му ја додели титулата Витез  заради музичките достигнувања и промоцијата на Обединетото Кралство  во светот.

Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 216
Share
Previous Post

Да ја победиме гладта

Next Post

По успешните семинари во Скопје и Охрид ЕУ ИНСТИТУТОТ ќе ги мотивира и битолачани.

Next Post
По успешните семинари во Скопје и Охрид ЕУ ИНСТИТУТОТ ќе ги мотивира и битолачани.

По успешните семинари во Скопје и Охрид ЕУ ИНСТИТУТОТ ќе ги мотивира и битолачани.

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 216

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk