Со „Мањифико“ настапуваше низ целиот свет, објави огромен број музички албуми, кои се продадени во златен тиражНа 81-годишна возраст во Скопје почина Невена Кочовска, музичката дива и вокалистката во групата „Мањифико“. Повозрасните генерации ќе ја паметат како дама која ја обележа естрадата со грациозното пеење.
Со „Мањифико“ настапуваше низ целиот свет, објави огромен број музички албуми, кои се продадени во златен тираж.
Невена и нејзиниот сопруг Панче со легендарниот „Мањифико“, обработуваа латино-американски хитови, но и староградски македонски песни. Цели три декади траеше кариерата на анасмблот, а нивните остварувања се слушаат и денес.
Групата „Мањифико“ настапувала и пред претседателот на поранешна Југославија, Јосип Броз Тито, а неколкупати и пред дипломатскиот кор на тогашната федерација.
Извор: МТВ
Публицитет.мк