Во Мелбурн – Австралија после долго боледување од рак на белите дробови, почина Тоде Новачевски. Композитор, музичар, професор, кој зад себе остави антологиски песни. Ги пееше тој но најмногу се прослави со песните напишани за дуетот Маријана и Росана и за Росана посебно.
И денес се пеат „Ако не исчезнам“, „Признавам“, „А од љубов не се бега“, „Свири ми брате цигане“, „Трст виа Скопје“ и многу други…
Публицитет.мк