Пред хотелот „Нова Ривиера“ синоќа во Охрид се одржа Фолк вечерта на „Охридски трубадури“ .
Првата награда од публиката ја освоија Ленче и Горан Кукиќ со групата Јупитер на кои им припадна и наградата за најдобра интерпретација на фестивалот.
Втората награда публиката му ја додели на охриѓанецот Милован Секулоски и групата „Носталгија“ а третата на групата „Соната“ од Велес., кои ја освоија и третата награда од стручното жири. Нино Величкоски беше втор од стручното жири на фестивалот а првото награда жирито му ја додели на Зоран Христов.
На Фолк вечерта беа изведени вкупно 21 новосоздадена песна,а водителка беше младата Јасна Стојаноска од Охрид.
Петар Нечоски, еден од најредовните учесници на фестивалот – годинава со песната „Анастасија“ на музика и текст од Енвер Рашити со кого на една деценија учествуваат на фестивалот
На истата локација вчерва од 20 часот ќе се одржи Поп вечерта, а утре е Интернационалната вечер со музички ѕвезди од Балканот.
Публицитет.мк