Малку зголемени цени на пивото и зајакнати безбедносни мерки – во Минхен денеска почна традиционалниот, најголем на светот фестивал на пивото – Октоберфест.
„О’цапфт ис!“ – со овој традиционален извик вчера напладне почна најголемиот народен панаѓур на светот.
Овој 183. Октоберфест ќе трае до 3 октомври. Се очекуваат околу 6 милиони посетители од цел свет.
Во 14 големи и многу мали шатори ќе се слави непрекинато. Постојани придружници: переци, колбаси и пиво.
Октоберфест годинава се одвива под зајакнати безбедносни мерки, по нападите од последните месеци. Баварскиот премиер Хорст Зехофер од овој Октоберфест очекува:
„Да остане радосен, како што е на овој прв ден, да биде мирен, сметаме дека ќе биде така, и во наредните денови да имаме подобро време.“
Извор: www.dw.com