За оваа недела редакцијата од фејсбук профилот на Дубравка Сершиќ од Охрид ја позајми фотографијата што веќе ја споделивме и ја крстивме „Под месечината“.
Фотката е дел од еден мини албум создаден деновиве со мобилен апарат и очигледно е без „шминка“. Делува несекојдневно, мистично и претставува поезија опишана без зборови кои сами си ги пронаоѓате во неа.
Дубравка е професор по информатика во ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти.
Публицитет.мк