
По повод 119 години од раѓањето на А. ден Долард (1901-1994) денеска во Културно-информативниот центар „Култура 365“ во Охрид се одржа поетско читање во чест на големиот холандски писател и вљубеник во Македонија.
Предавање на тема „Македонизмот на А. ден Долард“ одржа Мишо Јузмески, а за „Неизмерните богатства на Македонија во делата на А. ден Долард“ говореше проф. д-р Димитар Пандев. Пред присутните вљубеници во културата беше презентиран и поетскиот рецитал „Поетите во чест на А. ден Долард“.

А. ден Долард се смета за најголемиот промотор на Македонија во Кралството Холандија. Преку своите дела тој изврши големо влијание во развојот на холандско-македонските односи.
Публицитет.мк






