• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 22, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Полицијата и угостителите ја оценуваа безбедносната состојба во летната сезона

ноември 3, 2016
in Тикер

На иницијатива на СВР Охрид, денеска беше одржан работен состанок со хотелско-угостителските и туристички работници од Охрид. Пред присутните беше направен осврт на безбедносната состојба за време на летната туристичка сезона. Посебен акцент беше на превентивните мерки и активности за подобра меѓусебна соработка со угостителите на безбедносен план.

Раководителот не Секторот за локален економски развој, Ѓоко Апостолов посебно ја нагласи улогата и посветеноста на полициските службеници за одржување на поволната безбедносна состојба во градот. „Вложивте големи напори во борбата за постигнување поголема безбедност во градот, деноноќно работевте на подобрување на состојбата во јавниот ред и мир, спречување на физичкото насилство и спречување на кражбите. Угостителите се наш  значаен партнер во укажувањата за состојбите кои можат да ескалираат и да бидат негативен имиџ за Охрид“, рече Апостолов и додаде дека сите заедно мора уште посилно да работиме за беспрекорна безбедносна состојба во Охрид, кој неслучано е петто рангиран во топ десет светски атрактивни туристички дестинации за 2017 година.

„За време на летната туристичка сезона, имавме стабилна безбедносна состојба  и за 23 проценти намален број на извршени казнени дела од имотните деликти“, пред угостителите соопшти портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски. Тој додаде дека во периодот јули-август годинава, регистрирани се 116 казнени дела од областа на класичниот криминалитет што претставува намалување во однос на истиот период лани кога биле евидентирани 134 вакви дела.
Како што истакна командирот на полициската станица од општа надлежност Охрид, Дејан Додевски, безбедносната состојба во јавниот ред и мир, за време на летната туристичка сезона беше стабилна, без регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир од поголем обем или со елементи на насилство. „Во текот на анализираниот период јули-август годинава, пријавени се 30 случаи на физички напади што е намалување во однос на истиот период лани, кога службата регистрирала 45“, нагласи командирот Додевски. Полициските службеници вршеа акциски контроли самостојно но и во соработка со надлежните инспекторати од министерствата за животна средина како и со пазарната инспекција. Констатираните случаи на гласна музика се санкционирани со соодветни пријави а со несмалено темпо се работеше на контроли по угостителските објекти по низа основи посебно во контрола на престој на малолетници по 24 часот во објектите низ градот, нагласи командирот.

Угостителите произнесоа низа случаи на добри и корисни мерки што полицијата ги преземаше ова лето но укажаа и на неколку конкретни слаучаи кога според нив имало недообјаснети околности по поднесени пријави.
Нив им беа прецизирани законските рамки за полициското делување а беше прифатена потребата од зголемување на степенот не маѓусебното партнерство со цел Охрид и во иднина да остане сигурен и безбеден град.          

Извор: www.ohrid.gov.mk

Посетеност: 96
Share
Previous Post

АЛПОЈО – Охрид: Употребувајте ким и сусам – здрави се! (1)

Next Post

ОБСЕ/ОДИХР ќе ги следи изборите со повеќе од 300 набљудувачи

Next Post

ОБСЕ/ОДИХР ќе ги следи изборите со повеќе од 300 набљудувачи

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 96

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk