• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 22, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

АЛПОЈО – Охрид: Употребувајте ким и сусам – здрави се! (1)

ноември 2, 2016
in Uncategorized

Други имиња: кумин, див кумин, полски ким, питом ким Латинско име: Carum carvi Англиски: Caraway

Кимот е двегодишна билка со аглесто и разгрането стебло. Листовите се двократно перасти, а многу од нив се многу ситни и имаат пршленест облик. Коренот на кимот е бел, а обликот му е како морков. Цветовите имаат бела боја и се собрани во грозд.

Плодот е долгнавест и ребраст. Има пет здружени ребра во чие вдлабнатини се сместени маслени канали. Мирисот на семето е силен и ароматичен. Вкусот е многу силен и угоден, и грее.

Коренот има исти, но малку поблаги изразени својства на мирис и вкус. Главна состојка на кимот е етеричното масло. Има и белковини, танин, смола, восок, слуз, целулоза, шеќери, боја и калциум-оксилат.

Етеричното масло се добива со дестилација со помош на водена пареа од свежо ожнеаните и здробените плодови. Етеричното масло од ким е бистро, безбојно и слабо жолтеникаво, во течна агрегатна состојба. Главни состојки на маслото се карвон и терпен лимонен, а има и малку дихидрокарвон, карвеол и дихидрокарвеол.

Кимот расте како дива билка на ливадите. Со оглед на големата побарувачка се одгледува во градините и на нивите. Лековит дел на билката, во есен за време на созревањето, е семето. Во пролет лековит е и коренот.

Лековито дејство: кимот има лесно благотворни својства, бидејќи загрева, го зајакнува желудникот, го забрзува метаболизмот и излачувањето на мокрача. Кимот особено им се препорачува на жените бидејќи ја олеснува менструалната болка и ги смирува грчевите, ги олеснува породилните болки и самото породување, а го подобрува и излачувањето на млеко за време на доењето.

Етеричното масло се употребува и во ликерската индустрија, козметиката, парифимериите и медицината. Карактеристичниот мирис го дава една состојка на етеричното масло – карвонот.

 

                                                                                                 alpojo nnnn copy

 

Вкусни крекер срциња со ким и сусам

 

kreker so susam i kim

Толку едноставни, а толку вкусни,брзи за подготовка
Во вангличка ги ставаме путерот, маста и солта и кратко со миксер ги соединуваме.
Потоа ги додаваме сирењето, сусамот, кимот и брашното и замесуваме нелепливо тесто.
Го ставаме во најлонска чиста кеса и го оставаме да стои во фрижидер преку ноќ.
Утрото расукуваме кора со дебелина од 7-8 мм и со форма срце вадиме крекери.
Ги редиме во плех и ги печиме во загреана рерна на 190 с околу 12-15 минути, односно додека не добијаат убава боја.
Ги сервираме.
Крекери без адитиви, без квасец, без пециво.
Кога ќе се испечат личат како да се правени од лиснато тесто.
Од оваа доза излегуваат два плеха.

 

Брзи грицки со ким и сусам

 

kiflicki

Приготвување.
1. Во сад погоден за месење ставете го брашното на средина ставете го подмесениот квасец, сусамот и кимот. Додадете масло,свинската маст, сол и постепено додавајте го млекото сѐ додека не добиете полутврдо тесто.
2. Добро измесеното тесто поделете го на 3-4 дела и од секој дел формирајте тенки кори кои ги сечете на ленти и превртувате во форма на соленки.
3. Тавата за печење покријте ја со мрсна хартија, но доколку користите делиција ростер на неа не се лепи ништо.
4. Печете ги на 200 степени, околу 15 минути.
Добар апетит!!!

Следниот четврток се’ за сусамот и други рецепти. ДОБАР АПЕТИТ со АЛПОЈО – Охрид 

Публицитет.мк 

 

 

Посетеност: 119
Share
Previous Post

„Фемина 8“ – Приказ на жената низ различни временски периоди, простори и контексти

Next Post

Полицијата и угостителите ја оценуваа безбедносната состојба во летната сезона

Next Post

Полицијата и угостителите ја оценуваа безбедносната состојба во летната сезона

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 119

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk