Полка Карајанова е од Скопје и аматерски се занимава со фотографија. По професија е медицинска сестра.
Во мигот кога и соопштивме дека одлучивме нејзина фотографија да биде избрана во рубриката ФОТО НА НЕДЕЛАТА таа со радост прифати и кусо ни напиша: – Безмерно го сакам Охрид и секој миг кога можам уживам во неговата волшебна убавина. Најчесто сликам цвеќиња, бидејќи тие се моја љубов. Го сакам цвеќето.
А токму трендафилите еве доминираат на одбраната фотка.
Публицитет.мк