Домашните лекови и препарати за болни и суви стапала не се само за баби. Ајде да се соочиме со тоа, ги обожувате чевлите со високи потпетици, како и секоја друга жена, но по нив прстите ве болат и полни се со плускавци . Затоа, ви подготвивме неколку домашни решенија кои ќе ви ги олеснат овие проблеми.
Купка од оцет
Оваа купка е еден од наједноставните домашни лекови за болки во стапалата. Значи, наполнете го легенот со топла вода, додадете малку детергент за миење на садови и една чаша алкохолен оцет. По само половина час , нозете би требало да се помалку суви и отечени. По оваа купка задолжително измијте ги нозете!
Купка од сода бикарбона
Уште еден ефикасен домашен лек за болки во стапалата е оваа неверојатна купка со сода бикарбона. Таа дејствува слично како оцетот, освен што нема толку силен мирис. Потребна ви е половина чаша сода бикарбона и околу 4 литри топла вода. Едноставно, зарем не? Мешајте додека сода бикарбоната не се раствори и потопете ги нозете на половина час.
Ефект на чорапи
Како што доаѓа постуденото време се зголемуваат и проблемите со болни и суви стапала. Спасот се лосиони и чорапи! Нанесете го вашиот омилен лосион, вазелин или маслиново масло на стапалата пред спиење. Потоа, облечете ги чорапите и во утринските часови вашите нозе ќе бидат меки и мазни.
Масло од мента (нане)
Овој домашен лек за уморни стапала е навистина одличен! Квалитетното масло од мента дејствува така што ги елиминира бактериите и ги освежува уморните и болни стапала. Попрскајте ги стапалата со ова масло и добро измасирајте ги, но ако сте бремени или доите, консултирајте се претходно со вашиот лекар.
Овесна каша
Овесна каша помешана со масло од јојоба нанесете ја на стапалата и оставете ја да дејствува половина час, а потоа исплакнете ја мешавината од вашите нозе.
Мраз
Нема полесно нешто од ова! Земете мраз од фрижидерот, ставете на нозете, подигнете ги и релаксирајте се. Со подигање на ногата се извлекува акумулираната течност од стапалата и го спречува отекувањето. Тоа е за нас доволна причина за вакви егзибиции.
Витамини
Сите ние знаеме дека овошјето и зеленчукот се одлични за нас и за нашето здравје, вклучувајќи ги и нозете. На пример, краставица ставена директно на стапалата ја извлекува течноста одговорна за отекување на истите. Исто така, консумирање на храна која содржи витамин Е, може да имаат ист ефект. Покрај тоа, пијте многу вода и максимално избегнувајте ја солта.
Масажа
И последното, но не и најмалку важен домашен лек за уморни стапалата е масажата. На крајот на краиштата, кој не сака добра масажа!? Значи, нанесете масло за масажа на вашите болни стапала и „грабнете“ го мажот, момчето … да трие и масира. Тоа ќе ве ослободи од болката и отокот, а чувството толку прекрасно!
Извор: Здравје и живот.мк
болката и отокот, а чувството толку прекрасно!