Новите сателитски снимки на НАСА покажале дека две огромни плочи мраз во канадскиот залив Свети Патрик исчезнале целосно.
Поголемата имала површина од 3 квадратни милји, а помалата од 1,1 милји и од 1959 година се намалувале постојано како резултат на глобалното затоплување.
Научниците процениле дека овие плочи настанале пред околу 5 илјади години и дека во периодот од 16 до 19 век биле значително поголеми.
Од 2015 година овие две плочи мраз почнале забрзано да се топат, па било извесно дека ќе исчезнат во најсокоро време, но научниците од Националниот центар за проучување на снегот и мразот во САД велат дека се изненадени од тоа што исчезнуваат многу побрзо отколку што се предвидувало.
Публицитет.мк