Заборавен од сите, но не и од своето семејство, без солидни примања, познатиот српски комичар Миодраг Петрович Чкаља, пред 12 години почина оставајќи незаборавни настапи во телевизиските серијали од Бившите југословенски продукции.
Сите генерации кои пораснаа пред ТВ екраните од времето на Југославија го паметат незаборавниот српски актер и комичар Чкаља кој повеќе од три децении беше присутен во тогашните популарни телевизиски серијали.
Тие кои го познаваа неговиот професионален труд велат дека Чкаља успешно изведувал и трагични драмски ликови во Театарот.
Миодраг Петровиќ – Чкаља е роден во Крушевац 1 април 1924 – Белград. Судбината сакала најголемиот комичар од времето на поранешна Југославија да се роди на Денот на шегата, која на некој начин го одреди неговиот професионален живот, а почина пред 12 години, на 20 октомври 2003.
Познат е по своите улоги во театарски претстави, во повеќе од 25 филмови и 32 хумористични телевизиски серии меѓу кои најпознати се „Музеј на восочните фигури“, „Сервисна станица“, „Сачулатац“ и сериите „Камионџии“, „Жежок ветер“, “Паја и Јаре”, “Авантурите на Боривоја Шурдиловића”, “Камионџите пак возат” и „Подобар живот“.
Во знак на сеќавање и почит на големиот уметник и човек, кој заради оторените противења на режимот на Милошевиќ доживеа трагична старост исполнета со немаштија, пренесуваме извадоци од интервјуто направено со Чкаља во 2000 година.
Зошто одамна Ве нема во јавноста? Кружат приказни дека сте лут.
Чкаља: Луѓето зборува сè, но никогаш не за она што треба. Речиси три и пол години ги поминав во болница, заради скршен колк. Паднав во средината на собата. Лежев во Ургентниот центар и долго чекав протеза. Конечно пристигна, ми ја ставија и една година се обидов без патерици да застанам на нозе, но не успеав. Се испостави дека ми вградиле погрешна протеза. Потоа се сетив на својот другар од младоста, професорот Бранко Радуловиќ, генијален хирург. Тој ме врати на нозе.
Се дружите ли со некого?
ЧКАЉА: Претежно со соседите и луѓето со кои што некогаш студирав на Факултетот за ветеринарна медицина, каде што, поради сиромаштија, не дипломирав. Понекогаш, кога дојдов од Крушевац, јас дружев со многу соученици, кои дојдоа во Белград. Тие, главно беа луѓе од полицијата или на раководни позиции во компаниите. Откако дознаа дека јас не сум на страната на власта, тие го заборавија мојот телефонски број.
А со актерите?
ЧКАЉА: Немам со кого. Сите умреа. Мојот кум Гута Добричанин почина, целата плејада на оние од некој мојот свет. Еве, последниот од тој круг беше Никола Милиќ.
Ве нема на најгледаните телевизии?
ЧКАЉА: Кои телевизии? Нема телевизии. Тоа е група на луѓе кои никогаш не сум ги видел во мојот живот. Не знам од каде се донесени и што бараат таму. И јас не сакам да работам за српската телевизија, телевизијата на власта. А, други нема. Тоа е причината зошто јас не сум во најгледаните телевизиски емисии, бидејќи јас немам избор. А хумористични серии одамна веќе нема. Слушнав дека емитуваат некои мексикански, веројатно за некои тоа се вистински работи.
Дали примате пари од репризи?
ЧКАЉА: Знаете, јас имам огромен куп на коверти со дописии во кои што РТС уредно ме известува: оди реприза на таа и таа серија. Имавте толку и толку епизоди во траење од толку и толку минути. Вашата репризна минута чини толку и толку Треба да примите 50.000 динари.
И дали го добивте хонорарот?
ЧКАЉА: Ниту динар никогаш не добив. Само добивам уредни известувања. Чисто изживување. Јас сум за нив отпишан, човек кој не постои. А пликовите ги собирам еден ден некој да види како РТС е ажурирана.
Зошто сте огорчени?
ЧКАЉА: Имам 76 години и ништо не ми треба. Сум живеел и живеам скромно. Но, ми значи нашите деца да живеат нормално. Еве, мојот син не е на работа со години. Внуката Јована е 28 години и пред четири години заврши театарската академија. Таа е исклучителен талент, од Љубинка Бобиќ. Но, не може да добие работа. Завчера отворено и’ рекле во еден театар, не е битно кој, дека нема да ја примат од политички причини. А, таа е трета генерација на актери во една куќа. Секаде во светот таквите луѓе имаат огромен публицитет. А кај нас три генерации уметници, и никој од нив не работи. Јас не ја работам мојата работа, мојот син, исто така, внуката Јована, а ниту другата внука Милена, која заврши Музичка Академијата и специјализираше музикологија. Собравме пари за да полага некои дополнителни испити на Академијата за музика во Лондон. Таму беа воодушевени од неа, а неодамна ја информираа дека ќе и’ обезбедат бесплатен колеџ, но самата да се погрижи за стан и храна. Ништо од ова нема да биде. Единствено снаата работи како анестезиолог во Клиничкиот центар на Србија, а четирица од нив живеат на нејзината плата. И јас со 2.300 динари пензија не можам да им помогнам. Додека ги платам сите давачки на државата, затоа што така сум научен, не останува речиси ништо. Жално е да кажам, не сум купил нови чевли дваесет години, но тоа не е важно. Важно е дека на моите внуки не можам да им дадам за Кока-Кола, кога ќе излезат во кафиќ.
Дали денеска би прифатиле политичка кандидатура?
ЧКАЉА: Не, воопшто. Јас инаку, мразам политика. Кога отидов од Крушевац во светот, во Белград, татко ми ми рече: “Сине, јас немам ништо да ти дадам, освен еден совет: можеш со сешто да се занимаваш, биди пијаница, биди швалер, биде што сакаш, но немој да се бавиш со политика. Тоа е најголемата к **** која ќе те продаде тогаш кога ќе мислиш дека најмногу те сака. “
Татко ми заради политиката најмногу страдаше. Беше сиромашен, слуга. Пред војната, за време на изборите отиде во околните села и агитираше за својот газда. Газдата му даваше половина петстодинарка, и ако некој од селаните му ветеше на татко ми дека ќе гласаат за тој газда, татко ми ја добиваше од него и другата половина од петстоденарката како награда, а потоа ќе ги залепеше парчињата во една банкнота. Во тоа време, за 500 динари можеше да се купат две крави. А сега гласови се купуваат со зејтин и шеќер.
Извор: gevgelijanet.com