Координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата Томислав Тунтев си поднесе оставка, таа ќе биде констатирана на утрешната седница на Собранието, јави ТВ 24.
Тунтев заминува во Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВП) а на негово место во собраниската фотелја треба да седне Рубин Земон.
Новиот координатор на СДСМ се уште не се знае, иако неофицијално се споменува пратеникот Хари Локвенец, но и актуелниот заменик на Тунтев, Јован Митровски.
Публицитет.мк