Во Вила и винарија „Мал Свети Климент“ во Охрид а во организација на Здружението за спортско едрење „Акватика Јахтинг” и претставникот на UK Sailmakers Хуго Шарф од Холандија , вчеравечер се одржа Семинар по едрење.
Семинарот во Охрид не случајно се организира пред стартот на новата едриличарска сезона на „Ohrid sailing cup“. Преку серијата настани и натпревари планирани за годинава едриличарите се надеваат дека ќе успеат во полн сјај да го вратат едриличарството во Охрид а ланските обиди кои ни се се’ уште во свежо сеќавање привлекоа низа позитивни коментари.
Освен убавата глетка за граѓаните и доживувањата на луѓето кои се занимаваат со овој адреналински спорт придобивката за градот е во развојот на алтернативниот туризам и привлекување на нова категорија гости кои на свој начин ќе ја придвижат охридската економија.
На семинарот присутните беа запознати со типовите на едра, нивна изработка, начинот на штелување на едрата… Вториот дел од семинарот беше посветен на регатните правила во едрењето за периодот од 2017-2020 година,и нивната примена кај нас.
Семинарот го проследија претставници од Капетанија на пристаништата од Охрид, членови на едриличарските клубови: „Снегар“ и „Сирма“ од Струга, „Нов Ветар“ од Скопје, „Пират“ и „Акватика Јахтинг“ од Охрид, Едриличарска федерација на Македонија, сопственици на приватни едрилици од Охрид, Струга и Скопје и други заинтересирани граѓани.
Публицитет.мк