
Марио Јованоски има само 15 години и со кусо видео за својот роден град Охрид на светот му прикажа само дел од неговите убавини.
Учи во СООСУ “Св.Кирил И Методиј”-Охрид и во слободно време се занимава со снимање и монтирање на видеа и спотови, За Публицитет.мк вели дека тајните на видео продукцијата ги открива од времето кога имал 13 години.
Ова е негово прво посериозно видео кое се осмели да го сподели со јавноста и кусо ни напиша: – Но за брзо ќе извадам и поголем проект за кој ќе ве известам штом излезе. Се работи за професионален проект на кој работев 3 дена без престан.
Публицитет.мк секогаш е на страната на младите и смели таленти и ги поддржува.
Погледајте го видеото:
Публицитет.мк







