Утре од 20 часот на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид актерот Никола Тодороски премиерно ќе го изведе проектот „Писма од земјата“ работена според Марк Твен.
“ПИСМА ОД ЗЕМЈАТА” е моно-спектакл или сатирична турболенција во која Никола Тодороски го толкува ликот на Лудиот Филозоф или едноставно кажано Будалата.
![Pisma od Zemjata Poster](images/Pisma_od_Zemjata_Poster.jpg)
„Лик кој постои откако постои светот и е тука за да не соочи сите нас со најгорчливите сегменти на човековото постоење, корупција, административен поглед кон религијата, смрт, алчност за пари, цивилизацијата воопшто. Ние како пасивни гледачи или сеирџии сме приморани од страна на Будалата да вкусиме од горката чаша и така згрозени да плукнеме на се она што ни го грчи желудникот и не тера да се мрштиме, за потоа повторно со насмевка да го почувствуваме слаткиот вкус во нашата уста-овојпат знаејќи дека може да биде и полошо, “вели актерот Тодороски.
Текстот е адаптирано сценарио според раскази на еден од врвните светски сатиричари Марк Твен. Ова е прв театарски проект на Никола од ваков тип во кој тој се јавува како главен лик и режисер, автор на сонговите и сценарист.
Билетот чини 150 денари.
Публицитет.мк