Претседателката на охридскиот совет , Гордана Коњановска и заменик градоначалникот Ангел Јанев заедно со Премиерот на Р. Македонија , Никола Груевски и со министерката за култура Елизабета Канческа -Милеска денеска беа во комплексот „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид каде со поддршка на Владата на Р. Македонија целосно е завршен проектот за заштита на камбанаријата , која е донација од познатиот научник во светски рамки, Михајло Пупин.
Наредниов период ќе продолжи и непосредната заштита на фрескоживописот во црквата, а ќе се одвиваат и работи за конзервација на манастирскиот конак, активности што се предвидени во Програмата на Владата на Република Македонија.




Извор: www.ohrid.gov.mk






