Охридското социјално друштво „Св. Наум Охридски“ од Мелбурн , Австралија и годинава по традиција во чест на верскиот празник Божик донираше ручек за пациентите кои се опоравуваат во Геријатриското одделение во рамките на Општа болница – Охрид.



„На донаторите – на нашинците од Австралија им се заблагодаруваме во името на пациентите. Со ова социјално друштво сме во постојан контакт и следниот нивен гест го очекуваме за Велигден. Им благодариме за сесрдната и постојана помош, ни рече Лазар Стојчески од одделението за продолжено лекување на пациенти – познато во јавноста како Геријатрија.
Публицитет.мк






