Faraday Future го претстави нивниот прв концепт автомобил кој ќе произведува 986 коњски сили!
Со отворањето на саемот CES 2016 во Лас Вегас, американскиот бренд Faraday Future го претстави нивниот впечатлив концепт модел за иднината на електричните супер-автомобили. Иако на CES обично се претставуваат најновите авто-технологии, сепак Faraday Future го искористи овој настан да ги запознае посетителите со нивниот прв целосно развиен концепт автомобил, со кој фирмата се надева дека ќе започне и производство за две години.
Концепт моделот FFZERO1 е опремен со четири јадрени електрични мотори кои заедно произведуваат 986 коњски сили, што чисто за споредба е за 36 коњски сили повеќе од супер спортскиот автомобил LaFerrari. Па со тие перформанси FFZERO1 од 0-100км/ч ќе нуди забрзување за нешто помалку од 3 секунди, а максималната брзина ќе биде ограничена на 320км/ч.
Секако во официјалната производствена форма нема да се појави со овој агресивен футуристички дизајн, аголна форма и масовна решетка. Но од овој концепт ќе се задржи модуларната VPA платформа која ќе биде користена за создавање на различни и пореални дизајни.