Во мноштвото песни за Охрид во првата деценија од новиот милениум познатиот македонски композитор Димитар Масевски му посвети песна на Охрид. Градот во кој живееше по пензионирањето а за време на својата работа во ТВС – МРТВ на милион начини речиси од секој агол преку разни емисии го наслика Охрид.
„Приспивна за Охрид“ слободно може да биде уште една неофицијална химна за градот. Масевски со многу љубов за градот напишал ретко убав текст и музика.
Масевски со музика почнал сериозно да се занимава во средношколските години, кога ги напишал првите композиции („Врати се“, 1956). Се вработил (1957) како музичар во Забавниот оркестар на Радио Скопје. Во седумдесеттите години на ХХ в. бил продуцент во Музичката ПРОДУКЦИЈАНАМРТ, каде што продуцирал над 2000 песни, главно од македонски автори. Еден е од иницијаторите за покренување на Скопскиот забавен фестивал. Во ова време создава дел од своите антологиски композиции („Љуби ме, љуби Мирјанка“, „Малечка гулабице“, „Бела хризантема“, „Молчи љубов моја“, „Гриша“, итн.). Соработувал со речиси сите позначајни македонски пејачи (Нина Спирова, Зоран Георгиев, Драган Мијалковски, Даниела Панчетовиќ), како и со некои пејачи од тогашна Југославија (Мишо Ковач, Мики Јевремовиќ). Напишал и голем број детски песни, како и музика за телевизиски серии и театарски претстави, пишува Марко Коловски во Македонската Музичка енциклопедија.
Песната ја пее: Александар Ѓурчев а целата продукција е на синот на Димитар, Александар Масевски кој одамна и успешно тргна по неговите стапки.
Публицитет.мк