Неправилната поставеност на забите е најчеста ортодонтска аномалија и претставува помал или поголем естетски недостаток.
Тоа исто така претставува и функционално оштетување на забниот апарат и системот за џвакање во целина. Функцијата на криво поставените заби е послаба, а со тоа и одржувањето на хигена е потешко. Заради тоа на нив се таложат меки наслаги и забите стануваат повеќе подложни на расипување. Исто така, во детска возраст неправилно поставените предни заби најчесто се подложни на трауми.
Нетретираните ортодонтски неправилности може да го попречуваат правилниот развој на говорот и со тоа да бидат причина за психички трауми кај малите пациенти. Во подоцнежните години, ваквите состојби се причина за потешка протетска рехабилитација.
Никнувањето на забите може да биде пратено со различни пречки, а присуството на некои лоши навики кај децата може да доведе до неправилно поствување на забите во забните низови: тие можат да бидат искривени, извртени, преклопени, наведнати или пак да не се на своето место.
Причини за криво поставување на забите има повеќе. Понекогаш трајните заби се поголеми од местото каде што треба да се сместат во вилицата и затоа се преклопени и искривени.
Прераното вадење на млечните заби (кои се чувари на местото за трајните заби) може да предизвика губење на местото за забот наследник, несоодветно развивање на вилицата и со тоа криво поставување на трајните заби.
Лошите навики како цицање на прст, гризење на нокти или други предмети, гризење на усници, притискање на јазикот, дишење на уста исто така можат да доведат до пореметувања во правилното поставување на забите.
Редовното посетување на стоматологот овозможува рано откривање и навремено третирање на овие аномалии.
За повеќе информации и совети во врска со оралното здравје, закажете преглед во Стоматолошката ординација „Д-р Сашо Стоев“ во Охрид, ТЦ Трудбеник.
Стоматолошката ординација „Д-р Сашо Стоев“ – пријател на вашето орално здравје.
Пишува
Д-р Кристина С. Алоска
ПЗУ „Д-р Сашо Стоев“
Публицитет.мк