Започнa реализацијата на уште еден значаен проект, кој со години наназад беше само празно ветување, доизградба на патниот правец село Волино ( Дебрца ) – село Мороишта ( Струга ), делница: граница помеѓу општина Дебрца и општина Струга – село Мороишта, односно регионално патно поврзување помеѓу двете соседни општини.
Градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески вели дека деновиве започнало планирањето и тампонирањето на основата на патот, а потоа следува негово асфалтирање.
Проектот се реализира врз основа на заедничкото барање и согласност на градоначалникот на општина Дебрца и градоначалникот на општина Струга, по поднесена апликација преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион, а средствата во износ од 4.952.061 денари, без ДДВ се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Програма за рурален развој.
Публицитет.мк