
Драги Змијанац, основач и претседател на Првата детска амбасада во светот Меѓаши-Република Македонија.
Денот, по традиција, ми започна со честитки и искрени желби од семејството и пријателите кои уште во раните утрински часови ми го честитаа роденденот. Но, овој ден, како и секој ден, ќе ми биде работен. Во посета сум на општините Гостивар, Врапчиште и Маврово-Ростуше кои изразија интерес за воспоставување социјални сервиси. Вечерта ми е резервирана за семејството.
Љубител сум на блуз музиката, вежбам фитнес, навивам за Лејкерси во НБА кошарката, Барцелона во фудбал, Ѓоковиќ тенис, Вардар во ракомет.
Благодарам на Публицитет.мк за посветеното внимание денеска да се чувствувам посебно.
Публицитет.мк







