Коалицијата на невладини младински организации “СЕГА” и Младински Совет од Охрид како партнерска организација, веќе шест години се активни носители на имплементацијата на Конвенцијата за правата на детето во Република Македонија, во рамките на проектот за зајакнување на ученичкото учество во училиштата.
Главна цел на проектот е да се иницира структурно вклучување на учениците и на младинските организации преку дијалог со релевантните носители на одлуки, во насока на унапредување на законските можности за учество на младите во образовниот процес.
За таа цел, во три пилот училишта во Охрид, О.У “Братство Единство”, С.О.У “Свети Климент Охридски” и С.С.О.У “Свети Кирил и Методиј” се одбираат т.н. деца правобранители и нивни заменици. Во основното училиште се избира по еден ученик и заменик за секој наставен јазик, Македонски, Албански и Турски, додека пак во двата средношколски центри се оди на избор на едно дете правобранител и двајца заменици, со мандат од две години и со право на повторно аплицирање за функцијата, доколку не се во завршната година од основното или од средното образование.
Процесот на аплицирање оди така што во училиштата се објавува повик , и сите заинтересирани ученици аплицираат со доставување кратка биографија и мотивационо писмо, а потоа изборот го вршат самите ученици.
Децата правобранители ја имаат функцијата на адвокати, односно застапници на детските и ученичките права во рамките на образовните центри од каде што доаѓаат. Нив учениците можат да им се обратат доколку сметаат дека некое нивно право е загрозено, доколку забележат неправилности во интерните односи меѓу нивните соученици од типот на дискриминација, говор на омраза и слично. Исто така, нивна задача е најмалку еднаш месечно да ги информираат и класните раководители за нивните активности и да остварат средбои со Советите на наставници и на родители, како и со ученичката заедница, на кои треба прибираат и информации за сите тековни случувања во училиштето, за односите на релација професор – ученик, итн. Понатаму, добиените податоци се процесираат до раководната структура на училиштето и до локалниот кординатор, и доколку е потребно се пристапува кон изнаоѓање најдобри модули и решенија за некој одреден проблем.
Исто така, децата правобранители оствареуваат и редовни средби со локалниот координатор на Коалицијата за имплементација на проектот на територијата на општина Охрид, на која му ги пренесуваат добиените информации од педагошко – психолошките служби во нивното училиште.
Сите тие податоци подоцна се сумираат во извештаи кои се праќаат до тимот на Коалиција “СЕГА”, како и до заменикот Народен Правобранител на Република Македонија, Васка Бајрамовска – Мустафа, која остварува средба со соте деца правобранители на национално ниво, најмалку еднаш, а согласно потребите и повеќе пати годишно. Понатаму, тие редовно учествуваат и на седниците на Советот на Општина Охрид, со цел да се запознаат со процесот на донесување одлуки за подобрување на квалитетот на живот на нашите сограѓани.
Важен дел од проектот опфаќа и училишната заедница, односно процесите за зајакнување на учеството на децата во рамките на училиштата. Ова тело се конституира од сите претседатели на класни заедници, и има своја годошна програма, со цел зајакнување на неговата улога на локално ниво и зголемена способност за застапување на потребите на учениците пред носителите на одлуки, заедно со децата правобранители.
Годишната програма за работа, организациите ја испраќаат до Коалицијата “СЕГА”, а заедно со локалниот координатор и со децата правобранители, работат и на дизјанирање промотивни активности, гостување во медиуми, флаери, разни акции, итн.
Во годината која изминува, Коалицијата на младински организации “СЕГА”, доби и дополнителна поддршка за спроведување на иницијативата за поттикнување законски измени за регулирање на учеството на младите во рамките на образовниот процес, во рамки на програмата Erasmus +. Проектот “Застапување за младинска акција, за учество во училиштаѕа” го надополнива тековниот проект “Имплементација на Конвенцијата на правата за правата на детето во Република Македонија”, во правец на подигнување на свеста на носителите на одлуки за потребата од дефинирање на ученичкото учество во законската регулатива, на национално ниво.
Овој проект, освен во Охрид се реализира и во 13 други училишта во 10 градови низ Македонија: Прилеп, Битола, Штип, Кавадарци, Дебар, Тетово, Струга, Гостивар и Куманово.
Весна Цветаноска, координатор на проектот