Во рамките на 54. Семинар за македонски јазик, литература и култура во Охридц беше промовирана книгата „Теми за македонската литература ХХ век“ од руската славистка, академик Ала Шешкен, професор на Московскиот државен универзитет „Ломоносов“.
Ала Шешкен, покрај тоа што е активна на школите на Семинарот со години, со својата севкупна активност како славистка и компаративистка се издвојува како еден од најистакнатите и најпосветените промотори на македонската книжевност во меѓународни рамки. Со своите истражувања таа ги поставува темелите на систематското концептуално предавање и проучување на македонската литература на Универзитетот „Ломоносов“ во Москва. Држи предавања и специјални курсеви од историјата на македонската литература, култура и македонската литературна критика на катедрата за словенска филологија при Филолошкиот факултет на Универзитетот „Ломоносов“. Автор е на над 200 научни трудови, од коишто најголемиот дел се посветени токму на нашиот јазик и култура..
Од 2007 година, Ала Шешлен членува во Македонската академија на науките и уметностите. Добитник е на меѓународното признание „Блаже Конески“ во 2015 година, за придонес во проучувањето и афирмацијата на македонската литература и македонскиот јазик. Оваа година таа ја доби наградата „Почесно Рациново признание“.
Нашиот Милчо Јованоски се сретна со неа и најголем дел од разговорот е посветен на 100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески:
Публицитет.мк