Утре по 20 часот во аудио серијалот „Мојот живот, мојот свет“ интервју со проф. Д-р Иван Доровски.
Иван Доровски е роден во с. Чука, Костурско, Егејска Македонија на 18 мај 1935 година. По преселбите на децата бегалци од Егејска Македонија од 1948 година живее во Чешка Република. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Брно, каде ја одбранил кандидатската дисертација „Рајко Жинзифов и руската и украинската литература“. Доктор на филолошките науки. Професор по Литературна историја на балканските народи на Филозофскиот факултет во Брно.Со с-р Доровски се сретнавме лани во јуни на педесеттиот – јубилеен Семинар за македонски јазик , литература и култура.
Д-р Иван Доровски од Брно учествувал на првиот семинар во 1968, а и лани беше во Охрид. Тогаш бил асистент по македонски академски јазик, држел лекторски вежби во Чешка, а сега е пензионер: „Мојот драг пријател, поетот Гане Тодровски, беше првиот кој ме извести преку писмо дека во Охрид ќе се отвора семинар. ‘Ќе го води Спасов, јави се и дојди’, ми напиша. Со Гане се запознавме четири години пред тоа, кога тој како млад поет дојде во Прага. Меѓу предавачите на првиот семинар беа и Видоевски, Поленаковиќ…”
Доровски се сеќава дека меѓу учесниците на првата година била и Зузана Тополињска од Полска, која и денес е активна во МАНУ. „Нема народ без јазик. Ако не постои јазикот, не постои и народот. Секој народ што сака да опстои мора да го развива јазикот. Треба да го шири по светот. Не смее да се заборави дека од лингвистичката карта годишно исчезнуваат 200 до 250 јазици“, додава Доровски.
Публицитет.мк