• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 22, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Проф. Славка Јаневска: Образовен процес – чекор напред, два назад

октомври 1, 2016
in Аргументи за

Образованието во Република Македонија е процес кој се гради речиси еден век. Прашањата се каде се наоѓа, колку напреднало сите овие години и на кое ме сто се наоѓа истото во однос на другите европски образовни системи. И секако најзначајното, колкава е неговата функционалност и примена во 21 век.

Прашања многу, а одговори зошто е образованието такво какво што денес го имаме во нашата земја нема. Ако се обидеме да најдеме причини и последици за сѐ што се случува денес, голема е веројатноста дека од корен се направени погрешни чекори во градењето на образовниот процес кај нас. Денес имаме образование кое се темели повеќе на теорија, а помалку на практика, имаме пре на трупани наставни програми.

На пример, еден иден правник или филолог не е потребно да изучува математика со ист фонд на часови како еден информатичар или електро инженер. Исто така, еден иден математичар не би требало да изучува историја во обем како ученик кој ги одбрал општествените науки. Друг проблем или пречка во образовниот процес во 21 век, век на Интернетот, е фактот што поголем дел од нашите училишта во општо и го немаат. Следејќи ги, на пример, образовните системи на скандинавските земји како Финска и Норвешка, можеме да заклучиме дека тие го имаат приматот на најдобри и на функционални образовни систе ми не само во Европа туку и во светот. Прашањето е како, а од говорот е едноставен. Таму се гради образование кое пред сѐ е применливо, образование кое само 30 отстое централизирано, односно нормирано со наставни програми, а преостанатото е приспособено според потребите на учениците. Секако, овде не може да се за -борави и еден важен момент – финансиите, бидејќи колку вложуваш толку и до биваш. Но факт е дека ние сме многу посиромашна земја од Финска и тука може би „лежи“ и поголем дел од проблемот.

Тука морам да го споменам и екстерното тестирање кое во развиените системи е репер за знаењето на ученикот. Тоа не служи за казнување или за награду вање, тоа е само своевиден тип на статистика за тоа до каде е образованието и според добрите или лошите резултати се гледа како и каде во иднина ќе треба да се менува. Сигурна сум дека има надеж за нашето образование, но само ако се случат промени за кои повеќе ќе се прашуваат учителите, оние кои секојдневно се со ученикот, а помалку оние кои се во канцелариите.

Сметам дека со мали промени можеме многу да добиеме, па така и нашите ученици во најскоро време да се најдат на врвот со најдобрите, за што ние и може ме и имаме потенцијал.

slavka

Славка Јанеска, професорка во општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“ во Охрид

Текстот – претходно е објавен во весникот МЕДИУМ наменет за средношколците 

Посетеност: 142
Share
Previous Post

Општината Охрид по повод 70 години од пензионерско здружување во Македонија приреди прием за ЗП од Охрид и Дебрца

Next Post

Разговор со Душан Ристевски по повод неговиот најнов театарски текст – „Баба се мажи“

Next Post

Разговор со Душан Ристевски по повод неговиот најнов театарски текст - „Баба се мажи“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 142

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk