• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Професори и ученици од Апелдорн, Холандија во посета на Охридската гимназија

септември 22, 2022
in Uncategorized
Професори и ученици од Апелдорн, Холандија во посета на Охридската гимназија

Долгогодишната соработка меѓу Охридската гимназија и училиштето КСГ од Апелдорн продолжува. Во периодот од 14 до 21 септември во Охрид престојуваа 24 ученици и двајца професори од Холандија и повторно се дружеа со нашите ученици, се вели во соопшштението од гиманзијата „Св Климент Охридски“.

Во рамките на посетата, гостите имаа прилика да ги проверат стекнатите знаења за македонската азбука, да научат некој збор од македонскиот јазик и да стекнат претстава за начинот на живот во Македонија преку волонтерски активности во низа наши установи и компании. Преку планинарската тура на која учествуваа и нашите ученици се запознаа со убавините на Националниот парк Галичица и исто така заедно кајакареа по Охридското езеро.

За учениците од Гимназијата ова беше одлична можност да уживаат во воншколски активности и притоа да стекнат нови пријатели и да научат нешто за животот и културата на Холандија.

Нашето училиште изразува голема благодарност до сите установи и компании што им овозможија на учениците од Холандија да научат нешто за нивната работа: Црвен Крст, Касарна Хаб, сендвичарница „Бре’д“, ветеринарна ординација „Вет спирит“, културен центар и музеј „Култура 365“, кафе Шила, НУ Библиотека „Григор Прличев“, уметничка галерија „Букефал“, продавница за чевли „Антилопа“, туристичка агенција „Лалетурс“, кожна галантерија Белев, работилница за поправка и изнајмување на велосипеди „Вело Паскали“ и Факултет за информатичка технологија „Св. Апостол Павле“, велат од Гимназијата. 

Публицитет.мк 

Посетеност: 135
Share
Previous Post

Промоција на збирката раскази „Приказни од кујната“ од Марина Шикова Димовска

Next Post

Денес им е роденден: Дарко Павлоски

Next Post
Денес им е роденден: Дарко Павлоски

Денес им е роденден: Дарко Павлоски

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 135

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk