НУ Библиотека „Григор Прличев” – Охрид во четврток 12 октомври од 13 часот организира промоција на книгата „Масонски степени” и изложба на масонски книги од авторот проф. д-р Миле Миќуновиќ. Промотор ќе биде м-р Милчо Јованоски.
-„Масонски степени“ е 12 и најнова книга од едицијата би рекол научно – популарни четива кои одблиску говорат за масонството и му го доближуваат на обичниот човек за кого тоа се’ уште е табу тема со голем прашалник зад себе.Во масонските ложи не се одлучува за судбината на светот ниту се кројат нови граници, како што многумина погрешно ја толкуваат нивната присутност во текот на историјата. Во историјата на ова братство, меѓу масоните се примале луѓе на добар глас, способни, професионално исполнети што држат за пристоен и цивилизиран пристап за секој проблем, изјави за Публицитет.мк авторот д-р Миќуновиќ.
Д-р Миле Миќуновиќ
Првата книга од оваа област д-р Миќуновиќ ја објавува 2012 година под наслов: Слободноѕидарски или религиозни симболи, во издание на „Македонско научно друштво – Битола”. По неа до оваа последната се редат уште 10 книги.
Изложбата на масонски книги во охридската библиотека ќе биде отворена до 18 октомври.
Публицитет.мк