Годинава мотото на манифестацијата Детска недела беше Во нашиот свет сите сме еднакви.
Педесет првачиња од Основното училиште „Св.Климент Охридски“ – Охрид, станаа дел од семејството на Детска организација. Првачињата на овој свечен прием имаа можност на еден поразличен начин да го доживеат истиот . Тие покрај читањето на детското ветување од страна на координаторот на Детската организација имаа можност да се вклучат во низата спортски игри кои беа организирани за нив . Правото на детска игра е само едно од правата регулирани во Конвенцијата за правата на децата. Насмевката и задоволството на детските лица говори за тоа како се чувствуваа додека одеа, трчааа, скокаа, се провлекуваа…
Настанот беше проследен и од страна на родителите на децата, нераскинливата алка во воспитно- образовниот процес. Неизоставен дел на овој чин е и доделувањето на детските пасоши. Нека Ви е честит приемот драги првачиња. Овој ден нека остане запаметен во вашите сеќавања, стои во дописот од ОУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид.
Публицитет.мк