Денес на бродот „Армада“ од 17 до 19 часот се одржа промоција на книгата „Впечатоци за хуманоста“ од авторот Љупчо Милкоски и коавторот Миле Трпеноски во издание на Црвен крст – Охрид, а по повод јубилејот 75 години на постоење и работа на Црвен крст Охрид. Промотор беше проф. д-р Павле Митрески.
Во книгата се изнесени документирани записи за впечатоци на посетители и гости на Црвениот крст Охрид во период од 1985 до 2000 година и опфат на 2004 година, каде се искажани искрени чувства за Охрид, Охридското Езеро и Македонија и лично кон коавторот Миле Трпеноски, но и хумани и мировни пораки и поддршка во извршување на хуманата мисија за заштита на човечкиот живот и достоинство и за помош на оние на кои им е најпотребна.
Публицитет.мк