Проектот ,,МултиЗборко,, е реализиран со подршка на Фондацијата Отворено Општество – Македонија, а имплементатор на проектните активности е „Здружението за развивање и дигитализација на образованието и културното наследство ПРИЈАТЕЛИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО” – Скопје.
Фокусот на проектните активности е насочен кон истакнување на позитивните импликации од користење дигитални образовни ресурси на мајчин јазик во секојдневната наставна практика во однос на поттикнувањето на креативноста и активното учество на учениците во наставниот процес.
Целта на овој проект е да се промовира партиципативен, економичен, колаборативен модел за развивање дигитален образовен ресурс на мајчин јазик, прилагоден на наставните програми во основното образование, за кој е спроведено и истражување- студија на случај во три основни училишта ОУ ,,Григор Прличев,, – Охрид, ООУ ,,Св. Кирил и Методиј,,- Прилеп и ООУ ,,Живко Брајковски,, Скопје.
Дигиталниот едукативен ресурс “МултиЗборко” е аудио визуелна повеќејазична едукативна апликација наменета за деца на возраст од 4 до 10 години како и за деца со посебни потреби, со која што на итерактивен начин ќе може да се стекнат со нови знаења и усвојување поими – именки, глаголи, фрази на 6 различни јазици: македонски, англиски, германски, албански, турски и ромски.
Дигиталниот образовен ресурс “МултиЗборко” претставува еден вид илустриран, интерактивен речник, во кој што поимите се претставени со соодветна илустрација, текстуално и звучно на шест јазици, така што освен стекнување знаења за одредени поими на мајчин јазик, децата истовремено ќе може да ги учат поимите и на друг јазик, со динамика која е
прилагодлива на нивните лични афинитети и потреби.
Демо видео од Дигиталниот образовен ресурс МултиЗборко е достапен на следниот линк.
„Содржината на дигиталниот образовен ресурс МултиЗборко е единствена одговорност на авторите и грантистот и на ниеден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија“.
Фото: www.ohrid.gov.mk
Публицитет.мк