• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, септември 28, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Прославен 100 годишниот роденден на BMW – претставена е визијата за наредните 100 години

март 11, 2016
in Uncategorized

BMW прослави 100 години од нивното постоење, па по овој повод ја претставија нивната визија за наредните 100 години.

Веќе предходно имавме кажано дека оваа година две големи компании прославуваат 100 годишни родендени, односно едната компанија беше Lamborghini, а другата е германската компанија BMW која прославува 100 години од нејзиното постоење.

10Па по тој повод BMW одржа голем настан во просториите на нивната фабрика во Германија, односно тие ја претставија својата визија за идните 100 години со концепт автомобилот BMW Vision Next 100. Всушност ја претставија својата визија со спортски седан, а не со теренец, или со некој нов супер спортски автомобил.. Спортски седан бидејќи како што изјавуваат од BMW, токму тие модели се всушност основата на оваа компанија.

Па што е овој концепт?! – BMW Vision Next 100 е всушност автономен автомобил кој е прилично сличен како со i8 Spider кој беше претставен на CES пред неколку месеци, односно и овој автомобил ќе нуди две опции, а тоа се автомобилот да вози самостојно или да биде управуван од возачот. Но и кога ќе биде управуван од возач тоа ќе биде само потпомогната состојба, односно автомобилот повторно ќе работи самостојно и со сите безбедносни системи ќе внимава на реакциите на возачот.

11Или како што од BMW го нарекуваат систем на зголемена претпазливост. Со овој систем сите информации за претпазливост и за известување ќе бидат приложени на екран кој е вметнат во ветробранското стакло(пр. доколку велосипед се движи кон автомобилот од ‘мртва точка’ тогаш на ветробранското стакло ќе се појави негова слика и ќе известува од која страна доаѓа). Но доколку и тоа е тешко за некои возачи, тогаш ќе биде понудена полесната верзија за возење, односно автономно возење во кое можете слободно да се опуштите и да го препуштите автомобилот самостојно да вози.

Што се однесува до дизајнот, надворешноста е повеќе од очигледно дека е е конструирана во ултра модерен дизајн надополнет со триаголен мотив кој потсетува на моменталниот модел i8. На предниот дел се поставени големите препознатливи отвори за воздух кои сега нема да имаат некаква улога, бидејќи под хаубата како што најавуваат ќе се крие електричен мотор. Како надворешноста така внатрешноста, всушност и внатре е очигледен модерниот дизајн кој се карактеризира со четвртаст волан, минимален број на детали и огромен број на системи.

Извор: www.rpm.mk 

Посетеност: 123
Share
Previous Post

Времето за викендов

Next Post

Во недела стартува пролетната ракометна полусезона во Супер лигата

Next Post

Во недела стартува пролетната ракометна полусезона во Супер лигата

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 123

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk