• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, мај 9, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

Првата промоција на „Заедно да растеме“ од Филип Димкоски се случи во основното училиште на авторот

април 16, 2018
in На минување
Првата промоција на „Заедно да растеме“  од Филип Димкоски се случи во основното училиште на авторот

Новата поетска книга за деца од поетот Филип Димкоски својата прва промоција ја доживеа во петокот (13.4.2018) во ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ во Прилеп, училиштето во кое Димкоски помина осум години од своето образование.

Драги мои, денеска ја имав најголемата среќа, но и најголемата одговорност. Во училиштето каде пораснав, во моето основно училиште „Кире Гаврилоски-Јане“ во Прилеп да се вратам по осум години, но сега како автор кој ја промовира својата книга за деца. Но, авторот, вечерва пак си беше едно дете кое трепери како на патронен празник, пред своите наставници и внимава да не погреши во она што треба да го каже- напиша Димкоски на својот профил на Фејсбук по завршувањето на промоцијата.

Настанот беше инициран од директорката на училиштето  г-ѓа Кети Стевананџија, а во организацијата беа вклучени наставниците: Розита Кареска, Сузана Николоска и Гоце Димески кои му предавале на авторот додека тој се школувал и растел во ова училиште.

30657304 1844214882269547 6016522334777066138 n

Програмата ја водеше ученикот Борис Ночески,  кој заедно со својата соученичка Душицa Тодороска од деветто одделение изрецитира неколку песни од творештвото на Димкоски. Со рецитал од песната „Кога зборовите зборуваат“ од книгата „Заедно да растеме“ се претставија учениците од петто одделение: Сотир Чатлески, Марија Котева, Марко Петрески, Ѓорѓи Петкоски, Теодор Николоски,  Тамара Ристеска, Благоја Црвенкоски и Софија Ристеска.  Кус говор одржа директорката Кети Стевананџија, а наставничката по македонски јазик Сузана Николоска даде осврт за книгата но и за целокупното творештво на Димкоски, во кој меѓу другото рече:

 

30657080 1844215402269495 6925012882996174467 n copy

Денес задоволство ми е што можам сега и овде со вас да го споделам сознанието дека бев дел од психофизичкиот развој и токму поради тоа емотивната поврзаност е неминовна. Денес Филип е реномиран млад поет, кој еве сега ни подарува нова стихозбирка. Тоа е само уште една потврда за неговиот талент, но и за потребата да го изрази она што го носи во себе, па затоа низ стихови праќа порака:

Песната е вистинска ако детето

го бодри и го милува,

му дава сила и го раскрилува,

му носи ведрина и ука,

не дозволува лоши нешта

во срцето да му се пластат,

со искрена песна полна љубов,

децата побрзо растат!- рече Николоска

 

На настанот присуствуваше и првата наставничка од Филип Димкоски, Розита Кареска која рече:

Попладне исполнето со поезија, наплив на емоции…среќа, гордост, нежност, љубов…Чувството кога учителката со восхит го слуша поетот, нејзиниот ученик, возбудата е преголема, останав без зборови, а толку многу сакам да кажам-вели  Розита Кареска.

Инаку, „Задно да растеме“ е четврта книга на Димкоски, во издание е на Академски печат од Скопје. Во неа се поместени 38 песни и 14 илсутрации специјално рачно насликани за книгата од академската сликарка Александра Ацеска. Рецензент е Љиљана Атанасова, а автор на предговорот, писателот Горјан Петревски кој во поговорот кон книгата вели:

  1. …„Добре дојде, добра книго“ во светот каде што ти е местото, кај читателите, најмладите. Но и кај наставниците за обработка на часовите, во наставата во која се открива и се гради животот на начин каков што го налага и педагошкиот приод, кој ќе рече дека детето, во она што му се нуди како литература, најмногу и најдобро учи и осознава преку добри, а не преку лоши примери…Оваа карактерситика ја има во изобилие во песните на Филип Димкоски, но не преку нагласена дидактика, туку и преку играта, преку контактите и со возрасните….

Публицитет.мк

Посетеност: 65
Share
Previous Post

„Лабино“, автор: Џоле Савески

Next Post

МЈП „Проаква“: Сите водомери ќе имаат бар код – паушалното плаќање вода – минато

Next Post
МЈП „Проаква“: Сите водомери ќе имаат бар код – паушалното плаќање вода – минато

МЈП „Проаква“: Сите водомери ќе имаат бар код - паушалното плаќање вода - минато

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 65

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk