
На Регионалниот натпревар по хемија што се одржа на 28 мај, учениците од општинското Основно училиште „Григор Прличев“ од Охрид се вратија со награди.
Осмоодделенецот Иван Буриќ ја освои првата награда, а третото место му припадна на Митко Савев, ученик во IX одделение.
Талентираните ученици настапија под менторство на нивниот наставник Наумче Танески.
Публицитет.мк







