• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Публицитет.мк: Честит Рамазан Бајрам

јули 16, 2015
in Актуелно

Публицитет .мк им го честита празникот на слите граѓани во Македонија и ширум светот кои се од муслиманска вероисповест  и им посакувуа среќни празници и благосостојба.

Рамазан Бајрам е празник кој се слави  на крајот на месецот од постот Рамазан, месец во кој верниците го поминале во пост и молитва и се здобиле со севапи (добрини).

Прославувањето на Бајрам во Македонија и Балканските простори не се разликува многу од славењето во другите исламски земји. Возбудата за празникот започнува и пред тој да пристигне.

 Ден пред Бајрам е арефе и во секоја куќа се праваат мекици кои се раздаваат на блисиките роднини, пријатели и соседи, се посетуваат грoбиштата, се чистат и се подготвуваат за посета гробовите на најбиските, бидејќи на првото  бајрамско  утро, таму ќе се чита молитва. Се дава фитре (прилог) на семјествата кои се посиромашни за да можат и тие да ја почувствуваат радоста во нивните куќи, исто така, по имотните семејства  даваат зекат ( доброволен прилог за посироамшните).   Во куќите има голема подготовка и задолжителното  баклава со која ќе се служат сите гости. Секако, најголема возбуда се чувствува кај децата, секое семејство зависно од можностите им купува нова облека.

Бајрам започнува со клањање на Бајрам намаз пришто се клањаат само мажи, а веднаш потоа се посетуваат гробиштата. По враќањето во домот, семејството меѓусебно си го чесита празникот поскаувајќи си добри желби, се приготвува бајрамска трпеза и се собира целото семејство. Потоа по обичај помладите ги посетуваат постарите. Додека постарите се потсетуваат и со копнеж раскажуваат за дамнешните времиња и прославувањето на овој голем празник, децата се возбудени за парите кои што ќе ги добијат по повод празникот.

krst dzamija

Во секој регион празникот се прославува со некои мали измени во обичаите, но традицијата за прославувањето  се пренесува од поколение на поколение.

По клањањето на Бајрам намаз се посетуваат гробиштата се чита молитва на гробот од роднините и блиските, а по врќањето во домот меѓусебно се честита со семејството. Потоа следува богатат бајрамска трпеза каде се собира целото семејство.  По традиција помладите ги посетуваат постарите роднини и пријатели им честитаат празник, на децата им се даваат пари за Бајрам, а тие најмногу се радуваат. Во секоја куќа се служи благо, најчесто традиционалното благо, баклава , иако во модерниве  времиња во кои живееме оваа традиција се заменува со готови баклави и други слатки. Посетата трае кратко 10 – 15 миниути.  Се почнува од најблиските со „Бајрам мубарек олсун“ или „за многу години“.

Публицитет.мк 

Посетеност: 193
Share
Previous Post

Најчитаните книги на сите времиња

Next Post

Се заштитуваат фреските и се обновува конакот во „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид

Next Post

Се заштитуваат фреските и се обновува конакот во „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 193

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk