• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, септември 20, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Се заштитуваат фреските и се обновува конакот во „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид

јули 16, 2015
in Култура

Во црквата „Св. Богоридица Перивлепта“ во Охрид  се одвива втората фаза од конзервацијата на фрескоживописот и интензивно се работи уште од месец април и ќе се работи се додека дозволуваат временските услови.

tanja-Ова не е процес за кој треба да се брза и да се заврши, туку треба да се почитуваат техниките и процесот на работа. Само така долгорочно ќе го продолжиме животот на оваа црква, односно на вредните фрески во неа. Јасно е дека ќе има и трета фаза која ќе остане за догодина. Паралелно со овој зафат се работи и на конзервација и реставрација на манастирскиот конак, како и на камбанаријата. Лани ги изработивме и ги добивме потребните одобренија поминаа јавните набавки и сега се работи и на тој простор. Овие два зафати се финансирани од грантот во висина од 650 000 долари  којшто Управата за заштита на културното наследство го доби од амбасадата на САД во Македонија, а градежните активности се финансираат преку Министерството за култура на РМ во рамките на Годишната програма, изјави за Публицитет.мк директорката на охридскиот Завод и Музеј Тања Паскали – Бунташеска.  

Света Богородица Перивлепта е една од најстарите и најзначајните цркви во Охрид, изградена и живописана во 14 век. Ктитор на црквата бил византискиот војсководец и намесник Прогон Згур, зет на императорот Андроник Втори – Палеолог. Црквата била подигната во 1295 година. На сите ни е познато дека Св. Климент е заштитник на Охрид … во времето на османлиите бидејки неговата црква „Свети Пантелејмон“ е претворена во џамија, моштите на Св. Климент најпрвин се преместени во „Мал Свети Климент“, за подоцна да бидат пренесени во „Св. Богородица Перивлепта„ која народот, спонтано ја нарекува оваа црква „Свети Климент“. Во 2002 година по реизградбата на „Св. Климентовата Црква“ (Свети Пантелејмон) моштите на светецот се вратени на Плаошник.

Откога Турците ја претвораат Катедралната црква „Света Софија“ во џ0амија, „Св. Богородица Перивлепта“ (Св. Климент) прераснува во соборен храм на Охридската архиепископија.

freska 1

Во 11 и 12  век „Света Богородица Перивлепта“ (Св. Климент) располага со богата архиепископска библиотека со ракописи на пергамент. Околу црквата имало големи манастирски комплекс со Архиепископска палата која во средината на 19 век изгорела.  Зографите Михаил и Ефтихиј се творци на фрескописот во двете цркви.  Поради свеќите, фрескоживописот едвај се препознавал. Во 1950 година сликарот и конзерватор Здравко Блажиќ, со помош на специјално направена емулзија од органско потекло, успеа во црквата „Света Богородица Перивлепта да ги открие фреските во полн сјај што во тоа време преставувало вистинска сензација.

Публицитет.мк 

Посетеност: 197
Share
Previous Post

Публицитет.мк: Честит Рамазан Бајрам

Next Post

Швајцарците со месечен буџет од 6,8 илјади евра

Next Post

Швајцарците со месечен буџет од 6,8 илјади евра

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 197

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk