Почитувани,
Новиот веб портал „Публицитет.мк“ вчера наполни еден месец од своето постоење.
На сите кои на еден или друг начин сте наши пријатели, соработници, проследувачи на темите кои ви ги нудиме на нашата Интернет страница Ви благодариме за поддршката.
„Публицитет.мк“ полека се пробива на медиумската сцена во Охрид и Македонија, па и пошироко.
Бројот на читателите на страницата и посебно на ФБ страницата на „Публиците.мк“ се зголемува.
Нашите информации веќе ги пласираат и цитираат и други медиуми.
Среќни сме што во Охрид наголемо се зборува за „Публицитет.мк“
Ве има најмногу од Охрид, но цела Македонија и ширум светот.
Се надеваме дека концепциски Ви се допаѓаме, трудејќи се да имаме „Поинаков поглед на нештата“
Свесни сме за одредени технички пропусти, фонт на букви и фото дизајн. Работиме на тоа да ги надминеме проблемите.
Им благодариме посебно на луѓето кои искрено ни даваат поддршка, но и бараат од нас да воведеме нови рубрики. На пример за ден – два ќе почнеме со рубриката Детско – младински агол, а конечно наскоро ќе стартува новиот серијал „Мојот живот, мојот свет“
Ние сме отворени за соработка во делот на информациите и во делот на маркетингот.
Во Импресумот ја имате и контакт адресата.
Кликнете на нашиот ФБ профил и на нашата страница за пријателството да ни постане трајно.
Со надеж дека полека го оправдуваме нашето постоење Ве каниме да сте наши редовни читатели.
Повелете,
Ви благодариме