„Поглед од мојот прозорец“ ја нарековме сликата, која еве доживеа и своја презентација како фотографија а е дело на академскиот уметник Славко Упевче од Охрид.
Сликата на која од нов и интересен агол се гледаат куќите на Робевци и Уранија можеби има друг наслов, но ние го избравме овој погоре презентираниот.
Упевче во ликовниот живот на Македонија е присутен 46 години,а лани токму во култниот простор на Уранија во организација на МАНУ беше отворена изложба на Упевче „Исчезнатиот Охрид“ со која беше одбележан неговиот јубилеј 45 години дружба со сликарството.
Славко Упевче зад себе има над 30 самостојни изложби, а неговите уметнички дела ги има насекаде по светот.
Публицитет.мк