Kарневал (il Carnevale) на италијански,е празничен период кој започнува после Божик и Нова година и трае се до почетокот на 40 дневниот Велигденски пост.
Во текот на овие прослави луѓето често се маскираат, што не е случај во секојдневниот живот.
Еден од најпознатите, најпопуларните и најценетите карневали во Италија е карневалот во Венеција.
Посто податок дека започнал да се одржува во 1296 година и низ вековите бил прекинуван , но од 1979 година повторно е оживеан и за кусо време италијанците му го вратиле стариот сјај.
Карневалот во Венеција сега е еден голем туристички спектакал и влече илјадници туристи од целиот свет.
Само на денот на отворањето на карневалот на плоштадот Свети Марко во Венеција се собрале над 10 илјади туристи за да го проследат спектакуларниот „Лет на ангелот“.
Како вчера изгледаше Венеција, најдобро сведочат фотографиите на нашиот соработник од Италија. Уживајте и ако ви се гледа интересно, никогаш не е доцна да се посети градот на гондолите и вљубените.
Специјално од Венеција за Публицитет.мк
Весна Сбабо