– Преку фотографирањето се трудам да го овековечам мигот, да го заробам љубоморно во мојот апарат и најчесто тие слики да ги гледам, како што е сега модерно на компјутер или на некој од паметните телефони, ни вели Вера Рауник од Охрид.
Нашата редакција ја покани Вера да сподели со нас една фотографија од многуте нејзини кои ги има споделено и по социјалните мрежи.
Фотографирањето и е хоби и допир со уметноста, која човекот секогаш го облагородува. Најчесто мотивите ги бара во својата животна околина,а омилени мотиви и се Охридското Езеро, безбројните сакрални објекти во Охрид, како и негибнатата природа.
Последниве години, Вера никаде не заминува без фотоапаратот, особено кога патува на разни дестинации. Досега не ги изложувала своите дела, а можеби токму ова претставување во „Публицитет.мк“ ќе биде поттик да размислува во таа насока.
Публицитет.мк