Градот Верона во италијанскиот регион Венето е познат по трагедијата на Ромео и Јулија,заштитен од УНЕСКО и значаен по својата урбана структура и архитектура,како и по своите уметнички и археолошки богатства.
Благодарение на британскиот писател Вилијам Шекспир Верона зазема најзначајно место во историјата и културата и е позната и обожавана од целиот свет по операта – трагедија “Ромео и Јулија”.
Куќата на Јулија се наоѓа на Via Cappello,на мало растојание од Piazza delle Erbe. Секако трагедијата на Шекспир ја измеша легендата со реалноста но едно е сигурно дека навистина постоеле две фамилии Montecchi и Capuleti.
Како сведок за постоењето на Capuleti можеме да видиме од записот што се наога на самиот влез во дворот на куќата веднаш над обрачот од главната порта.
На самиот влез од десната и левата страна туристите си ги запишуваат своите љубовни пораки како писма до Јулија,и секако своите имиња како доказ дека го посетиле ова место симбол на љубовта и верноста.
Во дворот од куќата отворени се неколку дуќани кои ти даваат можност да си ја запаметиш својата посета во вид на спомен како сувенири изгравирани со Ромео и Јулија .
На самиот крај се наоѓа познатата статуа на Јулија со која се сликаат скоро сите туристи допорајки ја едната дојка и верувајќи дека ќе им се исполни посакуваната желба.
Веднаш зад статуата се наоѓаат безброј љубовни катинарчиња каде вљубените двојки си ја” заклучуваат својата љубов”.
И секако на крај познатиот балкон од кој Јулија ги поминуваше своите љубовни, скришни моменти со Ромео.
Верона не можеме а да не го доловиме и преку фотографии од традиционалниот карневал одржан и овој февруари.
Весна Сбабо, специјално за Публицитет.мк од Италија