• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Расказот „Неми филмови“ од Димитар Димоски второнаграден на Конкурсот на „Нова Македонија“

октомври 20, 2016
in Култура

Младиот и талентиран автор Димитар Димоски од Охрид ја доби втората награда на годинашниот Конкурс за краток расказ на весникот „Нова Македонија“.

Тој е автор на расказот „Неми филмови“испратен на конкурсот под шифрата „Киноапаратер“. Димоски пред две години доби откупна награда на истиот конкурс,а лани неговиот расказ„Мојата куќа во крс’ џамија“   беше избран за најдобар на Конкурсот „Живко Чинго“ распишан од страна на Општина Охрид.

Публицитет.мк го контактираше авторот Димоски и во оваа пригода тој кусо изјави: – “Се’ ми започна една ноќ пред три години во литературниот клуб кога го читав првиот расказ што несигурно го напишав и поетот и професор Смиле Наумовски ми пријде и рече дека треба да пишувам. Подоцна го пратив расказот на конкурсот за краток расказ од Нова Македонија и со него освоив откупна награда. Тоа ми отвори цел нов свет. Мислев дека нема да напишам подобар расказ. Подоцна го напишав и ја освоив наградата Живко Чинго. И еве ме, повторно помеѓу наградените на овогодинешниот конкурс на Нова Македонија и среќен сум што моите раскази се читаат. Неми филмови е расказ во кој се работи за еден кинооператор во ерата на немите филмови. Расказот е омаж за моето детство, историјата на охридското кино и животот на мојот покоен дедо кој со себе ја понесе најубавата веќе изумрена професија на кинооператор. Пишувам затоа што само така можам да се вратам во детството и одново да оживеам се’“.

Писателката Оливера Ќорвезироска е авторка на расказот „Шеќерен град“ (испратен под шифрата „Битола, бабам, Битола“) што годинава ја доби првата награда на Конкурсот за краток расказ. Автор на третонаградениот расказ со наслов „Еден ден од животот на господинот Цвик“ (испратен под шифрата „Осум“) е писателот Трајче Кацаров. 
Автори на расказите што годинава добиваат откупни награди се: Јована Матевска за расказот „Нештовина“ (шифра „Сари“), Славчо Ковилоски за „Касиус“ (шифра „Касиопеја) и Владимир Илиевски за „Стан во дивоградба“ (шифра „И така секоја година“). 

Најдобрите раскази за оваа година по двонеделно разгледување и препрочитување на пристигнатите над 300 ракописи на годинaшниот Конкурс за краток расказ на „Нова Македонија“, ги избраа членовите на комисијата во состав: Александар Прокопиев, селектор, и Весна Дамчевска, уредничка на редакцијата за култура и претставничка на „Нова Македонија“. Наградите на добитниците ќе бидат свечено доделени наредната недела, во пресрет на денот на излегувањето на првиот број на весникот. 

Автентични и иновативни теми, коректна јазична структура, стилска разноликост и вешта раскажувачка техника беа некои од основните критериуми по кои се раководеше жирито. Одлуката за доделените награди за 2016 година е донесена по сериозно препрочитување на пристигнатиот, рекорден број ракописи, и по одржувањето на два состанока на кои изборот се стеснуваше. 

Секој од шесте избрани раскази, пак, според жирито, носи различен и видлив авторски белег со раскажувачка умешност да се доловат атмосферата и ликовите, а настанот што се опишува да се збогати со слоевитост на раскажувањето. 
– Секој од наградените раскази е свој и различен еден од друг. Тие се квалитетни и ги задоволуваат критериумите на издржана наративна структура и вештина во изразот – велат членовите на комисијата. 
По доделување на наградите избраните раскази редакцијата на „Нова Македонија“ ќе ги објавува во прилогот за култура ЛИК, кој излегува секоја среда.      

Публицитет.мк                       

Посетеност: 134
Share
Previous Post

Новиот „невидлив телевизор“ на Панасоник

Next Post

Повеќе од 250 гости на самитот „Македонија 2025“ кој почна денеска

Next Post

Повеќе од 250 гости на самитот „Македонија 2025“ кој почна денеска

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 134

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk