Претходно годинава, јапонскиот технолошки гигант Панасоник го претстави својот футуристички телевизор, направен од траспарентно стакло, кој „исчезнува“ кога ќе се исклучи и изгледа како обична стаклена плоча.
И веќе мината недела на годишната Изложба на комбинирана напредна технологија (CEATEC) во Јапонија, Панасоник покажа усовршена верзија на невидливиот телевизор.
За да покаже колку ова изгледа импресивно, компанијата го вградила телевизорот како преден дел од една комода. Понасоник не открива детали кога може да се очекува новиот телевизор, освен дека ќе биде во фаза на развој барем уште три години.
Извор: www.enauka.mk








