• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, јуни 30, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Реакција: ВМРО ДПМНЕ – Мешањето на бизнис интересите со интересите на Охрид беше својствено за СДСМ

септември 28, 2015
in Тикер

По пресот на СДСМ на истата локација прес одржа и советничката група во Советот на Општина Охрид од редовите на ВМРО ДПМНЕ . Нивниот координатор и советник Илија Арнаудоски рече: 

-Продолжува дезорганизираното и дезориентирано однесување на СДСМ- Охрид. Навистина е тешко човек да извлече некаков  логичен заклучок за нивното однесување. Единствено што може да се констатира е дека се работи за обичен политички маркетинг и евтин обид за додворување до граѓаните на Охрид. Незамисливо е да се прават обиди за извртување на вистината и класично манипулирање со јавноста во врска со реализација на проектот, изградба на малото пристаниште во Охрид.

 Веројатно од СДСМ- Охрид и од советничката група се збунети од големиот број на проекти  кои истовремено се одвиваат во Охрид и притоа измешале дека реализацијата на овој проект ќе биде финализирање на проектот  за изградба на мала марина на Охридското Езеро. За да не бидат збунети ги известуваме дека се работи за две различни активности и дека покрај овој комплекс, Охрид ќе добие и нова голема марина. Знаеме дека за нив не е својствено но сепак кога веќе ги измешале поимите очекуваме да ја пофалат локалната самоуправа дека конечно после 40 години се нашло решение на овој проблем.

Нејасно е каде беа овие луѓе во  сите изминати години години  за да се погрижат за изградба на малото пристаниште а да не заборавиме дека 10-ина години беа локална власт во нашиов град, години кога малото пристаниште најмногу се оштетуваше и од година во година стануваше се погрда слика за Охрид. Логично е сите ние да се запрашаме, Зошто СДСМ- Охрид не презеде ниту една активност за уредување на овој простор кој во моментов не исполнува еколошки ниту каков и да е друг стандард , односно е опасен за безбедноста на сите луѓе кои се наоѓаат во негова близина? За среќа ние не сме како нив и многу одговорно и цврсто застануваме зад успешната реализација на овој проект.

 Со реализацијата на проектот Охрид ќе ја зголеми и збогати туристичката понуда и ова место ќе биде дел од градов  кој задолжително ќе треба да се  посети .

Две години посветено работиме на реализацијата на овој проект вршејќи анализи и пресметки околу целоисходноста на овој проект . Сите проекти беа содржани во физибилити студијата изработена од реномирана консултантска куќа која за жал советниците на СДСМ- Охрид не најдоа време да ја прочитаат. Ние сме решени да правиме коренити промени во Охрид, да ја збогатуваме туристичката понуда во градот затоа што нашите мерки даваат резултати. Како никогаш до сега Охрид е полн со гости и по истекот на официјалната туристичка сезона и ние со несмален интензитет  ќе продолжиме да креираме туристичка понуда која во градот ќе обезбеди нови можности а со тоа ќе допринесе поголем број туристи да го посетат Охрид.

Помешувањето на бизнис интереси со интересите за развој на градот е својствено за едно друго време кога СДСМ владееше со Охрид и за среќа на охриѓани никогаш повеќе нема да се повтори   поглед на работите од тој аспект.

Бледите прес конференции на СДСМ ќе останат само за нивна употреба и ќе ја зголемат вредноста на нашите проекти. Виртуелниот свет на СДСМ – Охрид е само нивни и претставува утеха за се она што не може да го  постигнат  во реалноста, рече на крајот од реакцијата на пресот на СДСМ , Илија Арнаудоски, координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Советот на Општина Охрид.

Фото: Охрид1   

     

Посетеност: 77
Share
Previous Post

СДСМ – Охрид : На малото пристаниште ќе „никне“ ресторан на луѓе блиски до власта

Next Post

Боби со ново видео за „Погледни во мене“

Next Post

Боби со ново видео за „Погледни во мене“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 77

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk