Од 3-ти до 8-ми август, на Кејот на Охридското Езеро, пред хотелот „Су“ се спроведе проектот „Играме шах на Кеј“.
Проектот се спроведе во рамки на годишната програма на шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид, а со цел промоција на шахот како игра во која може да се вклучат најразлични возрасни категории. На настанот учествуваа охриѓани и туристи од земјава, како и од државите Србија, Хрватска, Англија, Швајцарија, Данска, Германија и други.
Посетителите одиграа партии шах со членови на шаховскиот клуб „Ласкер“ и со шаховскиот клуб „Алкалоид“ од Скопје. На сите учесници им беа доделени ваучери за изданијата „Шах за деца“ и „Дамски Гамбит“.
Извор:www.ohrid.gov.mk