Ова е досега најголемиот крап уловен на спортски начин во каналот Студенчишта во Охрид.
На фотографијата што ни ја испрати страсниот спортски риболовец Радован Димитриевски е Тане Србиноски од Охрид, човекот што го улови овој вреден трофеј.
Невидено, вели за Публицитет.мк Димитриевски годинава во каналот најмалиот уловен крап е 2.8 килограми. Ова не било никогаш да влезе крупен крап на зимување во каналот, додава тој. Навечер влегува а рано наутро крапот бега бидејќи нема флора – доволно храна во каналот.
Според Димитриески крапот во Студенчишта може да се задржи до средината на април и потоа ќе мигрира во трската кај Студенчишта каде рекреативните спортисити немаат пристап а стопанските риболовци царуваат со мрежи.
До следниот риболовен рекорд рибарскиот поздрав Бистро!
Публицитет.мк