Од наредната година Renault се враќа во F1 натпреварите со сопствен тим.
Францускиот гигант по долгите преговори официјално потврди дека од наредната година се враќаат во Формула 1 со сопствен тим. Односно по натпреварот во Абу Даби минатиот викенд бил финализиран договорот помеѓу Берни Еклстоун (шеф на Ф1) и Џером Стол (претседател на Рено Спорт), со што Renault ќе треба да го откупи тимот на Lotus по цена околу 111 милиони евра.
Според изјавата на Џером, ваквиот чекор се должел на двете понудени опции со кои се соочил Renault, односно да учествуваат 100% или воопшто да не учествуваат. Но од Renault признаваат дека овој чекор е еден вид и созревање на еден бренд кој од 2011-тата година работи само како доставувач на мотори.
Со овој чекор, Renault исто така директно ќе може да ги пренесе своите искуства од F1 кон нивните патнички автомобили, со што ќе се изргади еден мост помеѓу напредните технологии и патничките автомобили, особено во областа на електричните и хибридните модели.
Повеќе детали за враќањето на Reanult во F1 и нивната тркачка програма, ќе бидат објавени во јануари наредната година, што е доволен период за подготовка за новата сезона на F1 која започнува од март месец 2016 година.
Извор: rpm.mk